3.3 Пронајди го Филип

Секој некогаш во својот живот има слушнато дека Сонцето од Вергина е пронајдено на златен ковчег во Гробницата II, кој, според М. Андроникос, бил на Филип II. Што би било поразлично ако оваа гробница не беше Филипова и ако Филиповата беше таа до неа, Гробницата I, која одамна е ограбена и не содржи ништо? Вистината е, не многу, ако улогата на симболите немаше вредност за државите. Ако некој ги прочита аргументите во еден есеј на два археолози47, претставен во 2008-мата година, ќе почне да се сомнева дали коските на Александровиот татко конечно се пронајдени, а исто така и дали Сонцето од Вергина се однесува на него, или на неговиот друг син, Филип III Аридеј. Овој есеј предизвика многу конфликти на интернет, помеѓу неколку „бессони чувари“ на македонскиот и грчкиот национализам.

Во други околности, ова прашање нема да беше од интерес за национализмот, зашто и двајцата беа македонски кралеви и роднини од прво колено на Александар. Во таа смисла, Сонцето од Вергина би останало симбол на истата македонска династија, не оставајќи простор за понатамошни несогласувања. Вредноста што го има ова прашање го прикажува семиотскиот фактор на Сонцето од Вергина во однос на фигурите на двата крала. Во колективната меморија Филип II се слави48 како освојувач, како бестрашен воин од голем калибар, како мачо и моќен крал, како некој кој лесно може да ја прекрши волјата на другите. Ова се црти кои соодветствуваат на расните, родовите и други фашистички стереотипи кои ја комплетираат азбуката на вредности на патриотот, сексистот и националистот. Од друга страна, Филип III остана во историјата запишан во сенка на својот татко Филип II и на неговиот полубрат Александар III, стана крал случајно, а доминантната историографија49 не му запаметила по ниту една од погорните црти. Како резултат на ова, гламурот и сјајот на македонските симболи, како оној на Сонцето од Вергина, би имал тенденција да бледнее во свеста на грчкиот или македонскиот шовинист, нешто што ниту една од државите не би го сакала.

 


 

47 Се разбира, помалку отколку Александар, но сепак во голема мера. Eugene N. Borza and Olga Palagia, 2008 p. 81-125. Назад

48 Доминантата историографија него ретко го спомнува. Тој обично е отсутен од аргеадската низа кралеви и, како што обично може да се види, по Александар III доаѓа неговиот син Александар IV. Назад

49 Било реална, било замислена супериорност, тоа не е важно, освен кога e презентирана од страна на доминантната реторика. Назад

 

Назад кон поднасловите

Почеток на страната

 

Permanent link to this article: https://ajde.espivblogs.net/2012/10/07/3-3-find-fillip/?lang=mk

Напишете коментар

Your email address will not be published.