1.1 Револуциите: “национално ослободителни” или “буржоаски”?

Ослободувањето од османлиската власт започнува во покраините. Две востанија што се случуваат во првите децении од 19-тиот век заслужуваат да се наречат револуции: она на Србите во Белградскиот пашалак во 1804-тата година и она на Грците на Пелопонез и островите во 1821-вата година. Обете покраини комуницираат со Европа, било поради нивното граничење, каков што е случајот со Србија, или преку распространета мрежа на заедници во дијаспората и силни трговски врски, каков што е случајот со Грција. И во едниот и во другиот случај револуциите се случуваат на почетокот на новиот век, во услови на финансиско заживување, по што следи период на влошување на состојбата но и на радикализација на населението како резултат на војните и немирите. Конечно, во двата случаи борбата за национална независност е двојно движење: на елитата од надвор и на локалната елита. Огромната маса на земјоделци настапува покрај нив.

Српското востание во 1804-тата година10 е прва епизода од серијата револуции во 19-тиот век на Балканот. Дали тоа навистина било востание со јасна национална ориентација и крајна намера ослободување од турскиот диктатор, како што вели националната нарација? Одговорот е, апсолутно не. Барањата на луѓето се враќање кон животот во заедници, нарушен со војните на Портата со Австрија и Русија кон крајот на 18-тиот век и анархијата што следи по населувањето на јаничарите11 и своеволието што следело. Тоа не е востание против султанот, чија моќ во суштина не го попречува тој начин на живот, туку став на христијаните против муслиманските освојувачи. Веднаш до народот стојат кнезот, трговците и образованите Срби од дијаспората (посебно оние од Унгарија) кои го гледаат востанието како медиум за нивните финансиски и општествени интереси и замена на старите структури со пазарниот свет. Како водач во првата фаза на Српското востание се јавува членот на новата трговска класа, поранешен арамија и успешен препродавач на свињи со огромно богатство, Ѓорѓе Петровиќ Караѓорѓевиќ. Од патријархиско земјоделско самоуправување лека полека поминуваме во урбано општество.

Главен лик во втората фаза од Српското востание, а потоа и кнез на Србија е Милош Обреновиќ. Вреди да се спомене дека личната корист на Милош од овој процес е огромна и ги покажува во голем степен придобивките со кои се здобива елитата преку процесите за национално ослободување, а кои наводно се одвивале за доброто и во интерес на сите. Во 1840-тата година тој бил еден од најбогатите луѓе во Европа и го држел монополот на сол во цела Србија. Она што мора да се подвлече е свесниот избор на Обреновиќ да се залага за приватна сопственост. Неговата реформа ќе се круниса со огромен успех. Така Српската револуција ја преобразува организацијата во заедници на османлиската провинција во национална економија на мали приватни сопствеништва. Укинувањето на турската администрација која им го обезбедуваше трговскиот монопол на Турците им даде можност на Србите да станат претприемачи, а тоа ја засили новата буржоазија.

Слични карактеристики можат да се најдат и во Грчката револуција од 1821-тата година. Филики Етерија ја игра главната улога во поттикот за Грчката револуција. Кои се всушност социјалните карактеристики на луѓето кои ја создале оваа организација? 54% од нејзините членови се трговци, 13% претприемачи, 12% локални првенци, 9.5% црковни лица, 9% вооружени војници и арамии и само 0.6% земјоделци (Κοππά, 2002). Да не заборавиме дека Грците веќе се некаков вид транс-балканска буржоазија. Тие во суштина воспоставуваат трговска империја во рамките на османлиската империја (Daikin,1973). За време на 18-тиот век тие поседуваат ¾ од транзитната трговија на источното Средоземје (Σβορώνος, 1956). Со тоа тие се пионери на Грчката револуција и нивното учесто во таков сооднос ѝ дава повеќе буржоаски отколку ослободувачки тон. Филики Етерија го бира Пелопонез како место за револуцијата. Во главно, Турската окупација во ова подрачје не е ништо повеќе од воено присуство во неколку градови и утврдени позиции. Од население кое брои 400.000 жители, Турци се само 10% (Daikin, 1973 год.). Османлиската доминација се претпочита во однос на венециската бидејќи нивните даноци се пониски, администрацијата помалку способна, па поради тоа и помалку строга и муслиманите се потолерантни во врска со религијата отколку католиците.

Иако навидум постои една единствена цел Грците да започнат револуција, има плеада причини и таков конфликт на интереси што за време на борбата сопствените и моменталните интереси, како и граѓанскиот конфликт, стануваат синоними за мобилизација. Повисоките општествени класи сакаат османлиско општество без Турци, трговците сакаат граѓанско општество за задоволување на своите интереси, војниците (вооружените војници и арамиите12) сакаат да се здобијат со независни сатрапии и да станат Али-Паша во мало. Ниските класи сакаат само да се подобрат нивните услови, да се ослободат од даноците, да станат сопственици и да им се зголеми земјата која ја обработуваат. Како и да е, во вакви случаи честопати се мобилизираат повеќе поради факторот страв, отколку поради придобивките. Помеѓу класата на сиромашните и онаа на богатите отсекогаш имало конфликт. Меѓутоа, народот кој не претставува униформна маса е без лидери и не се појавуваат ниту интелектуалци, ниту политичари кои би ја воделе социјалната класа. Неговите лидери се локални првенци кои на социјалната скала се повисоко и со кои тој е поврзан преку клиентелски и патронажни односи.

А сега да се осврнеме на улогата на црквата. Освен неколку случаи на активно учество во движењето (главно на свештеници од понизок ранг) во суштина позицијата на црквата и на патријаршијата е реакционерна. А корените на овој став се во институционалната врска помеѓу патријаршијата и Османлиската Империја. Впрочем, барем што се однесува до христијанските работи, патријархот е министер во Портата. Тој ужива целосна автономија, доверба и почит од султанот, а неговата моќ е дури и поголема во однос на претходниот период (византискиот). Финансиската и политичката моќ на црквата се зголемува поради тоа што таа е изземена од плаќње даноци и е одговорна за политичките овластувања во однос на уредувањето на внатрешните работи на христијанската средина. Со други зборови црквата е еден од идеолошките механизми на империјата и тело за легализирање на османлиската власт.

Да заклучиме, локалните олигарси и елити во револуцијата гледаат оружје за заменување на турската моќ со нивната. Низ оваа призма револуциите за „национално ослободување“ во Србија и Грција, не се „национални“ туку „буржоаски“. Животот на добар дел од населението не се променува драстично, ниту пак се подобрува со „повратениот“ национален суверенитет. Организирањето во заедници продолжува да го инспирира земјоделското население, а новите „национални етикети“ не се во позиција да го мобилизираат. Поради тоа се јавува потреба од нова централизирана моќ и нова идеологија за негово целосно вклучување во новата социјална формација и за потребите на пазарот. Оваа задача ќе ја заврши модерната држава со нејзиното знаме – национализмот.

 


 

10 Првата фаза од Српската револуција трае од 1804-тата година до 1813-тата година, додека втората почнува во 1815-тата година а завршува во 1834-тата година. Назад

11 Jаничари 1801-1804. Назад

12 Арамиите ги пљачкосувале и христијаните и муслиманите, но народните приказни, а потоа и националната фикција ги претвори во поддржувачи на угнетените Грци кои се бореле против турските угнетувачи. Назад

 

Назад кон поднасловите

Почеток на страната

 

Permanent link to this article: http://ajde.espivblogs.net/mk/2012/10/07/1-1-the-revolutions-national-liberating-or-bourgeois/

2 comments

  1. Το πολύ ενδιαφέρων πόνημα έχει μια «χτυπητή» αδυναμία (ή κενό, αν θέλετε) και ως εκ τούτου είναι ελλιπές.

    Και εξηγούμαι: Ενώ, οι συγγραφείς του αριστερίστικου πονήματός επιθυμούν –πολύ σωστά- να εστιάσουν στα κοινά χαρακτηριστικά που ενώνουν (ή χωρίζουν, αν θέλετε) τους λαούς των Βαλκανίων, κάνουν το ΣΟΒΑΡΟΤΑΤΟ ΛΑΘΟΣ να αγνοούν παντελώς το σημαντικό ρόλο των θρησκειών οι οποίες επηρεάζουν καθοριστικά (άλλοτε θετικά, άλλοτε αρνητικά) τους ανθρώπους, και, κατ’ επέκταση τις εξελίξεις στον βαλκανικό χώρο και όχι μόνο.

    Είναι μέγα λάθος –στο πόνημα- η αγνόηση και η παντελής έλλειψη αναφοράς και ανάλυσης στο ρόλο που παίζουν οι θρησκευτικές πεποιθήσεις στους λαούς των Βαλκανίων (Χριστιανών, Εβραίων, Μουσουλμάνων κ.ο.κ.) Δεν είναι μόνο ο καπιταλισμός και οι ταξικές διαφορές που ενώνουν ή χωρίζουν τους ανθρώπους.

    Είτε το θέλουμε είτε όχι, οι θρησκείες άλλοτε ενώνουν κι άλλοτε χωρίζουν έθνη, λαούς και ανθρώπους. Οι θρησκευτικές πεποιθήσεις παίζουν καθοριστικό ρόλο. Κοντολογίς, είτε το θέλουμε είτε όχι, ο θρησκευτικός παράγοντας “παίζει” καθοριστικό ρόλο στις σχέσεις των βαλκανικών εθνών και ως εκ τούτου πρέπει να λαμβάνεται σοβαρά υπόψη, με ευαισθησία και σεβασμό, κι όχι να αγνοείται επιδεικτικά…

    Your very interesting work has an “obvious” weakness (or missing point if you prefer) and therefore I consider it to be deficient.

    I explain myself: While the leftist writers of this work want -very correctly- to focus on the common characteristics that unite (or seperate if you prefer) the peoples of the Balcans, they do a VERY SERIOUS MISTAKE to completely ignore the important role of religions which influence decisively (some times positively, some times negatively) people and therefore the evolution of events in the balcans and not only.

    It is a big mistake -in the book- to ignore and failing to refer to and analyze the role that religious beliefs play in the etpeople of the Balcans (Christians, Jews, Muslims, etc). It is not only capitalism and the class differences that unite or seperate the peoples.

    Whether we like it or not, religions sometimes unite and sometimes seperate nations, peoples and individuals. Religious beliefs play a crucial role. In short, whether we like it or not, the factor of religion plays a crucial role in the relationships between balcan nations and therefore should be taken under serious consideration, and not to ignore it ostentatiously…

    • dromoi on 31/01/2014 at 11:00 pm
    • Reply

    Општ одговор

    Сличностите и разликите помеѓу населението од една и друга национална држава не можат да се сметаат за „дадени“ или „статични“. Истите се градат, се нагласуваат или ублажуваат во зависност од политичките околности. Тоа е основната теза што ја предлага оваа книга. Оттаму, не постои причина поради која религијата би ја разгледувале независно. Религиите се важен елемент на секоја национална држава преку „формализирањето“ на црковната институција и нивното воведување во јатката на секој национален идентитет. Токму поради тоа секоја национална држава има потреба да создаде своја национална црква. Во книгава црквата се третира како идеолошки механизам во служба на државата. На овој начин се прикажува нејзината улога во историјата.
    Би сакал да дадам и една општа забелешка врзана со критиките од некои други коментари на оваа веб страница. Една од основните работи која нè натераа да ја создадеме книгава беше потребата да се научи нешто од историското искуство. За да го направиме тоа важно е да искажеме мислење за национално-ослободителните борби и каков било иридентизам. Како прво, национално-ослободителните борби се во судир со борбата за социјална еднаквост затоа што се принудени да ги спротистават експлоатираните класи од една нација со оние од другата, за да ја ослободат или бранат нивната татковина. Како второ, нивната форма на организација е институционализирана и на тој начин создава хиерархискиски организирани бирократски јадра кои го содржат јадрото на институцијата на новосоздадената власт. Според тоа, национално-ослободителните борби имаат за цел да ја преземат власта и да го одбранат од странскиот капитал развојот на „национална“ висока класа, на национален капитал. За крај, мора да имаме предвид дека секаде онаму каде што национално-ослободителните фронтови успеале да ги создадат нивните национални држави, тие го зачувале старото социјално уредување, односно постоечките односи на доминација и угнетување.

    Mία γενική απάντηση

    Οι ομοιότητες και οι διαφορές μεταξύ των πληθυσμών των εθνών-κρατών δεν είναι δεδομένες αλλά κατασκευάζονται, τονίζονται ή αμβλύνονται ανάλογα με την εκάστοτε πολιτική και κοινωνική. Αυτό είναι ένα βασικό επιχείρημα που τονίστηκε σε αυτό το βιβλίο. Έτσι και η θρησκεία είναι ένα χαρακτηριστικό που δεν έχει νόημα να το αντιμετωπίσουμε αυτόνομα. Η θρησκείες αποτελούν συστατικό στοιχείο του κάθε έθνους κράτους μέσω της «επισημοποίησής τους» από τον θεσμό της εκκλησίας και της ένταξής τους στον εκάστοτες εθνικό κορμό. Αυτός είναι ο λόγος για τον οποίο κάθε έθνος-κράτος χρειάζεται και δημιουργεί την δικιά του εθνική εκκλησία. Στο κείμενο η εκκλησία προσεγγίσθηκε ως ένας ιδεολογικός μηχανισμός του κράτους και αυτό είναι που αποκαλύπτει και τον ρόλο που παίζει μέσα στην ιστορία.
    Πέρα από αυτό θα ήθελα να κάνω ένα γενικό σχόλιο που άπτεται της κριτικής που τέθηκε και σε άλλα σχόλια που φιλοξενούνται στο ιστολόγιο. Μία βασική ανάγκη για την δημιουργία αυτού του βιβλίου είναι η ανάγκη να διδαχτούμε από την ιστορική εμπειρία. Και για να γίνει αυτό είναι σημαντικό να υπάρξει μία τοποθέτηση απέναντι στους εθνικοαπελευθερωτικούς αγώνες και κάθε είδους αλυτρωτισμό. Πρώτον, οι εθνικοαπελευθερωτικοί αγώνες είναι αντίθετοι προς μία κοινωνικά απελευθερωτική προοπτική επειδή είναι αναγκασμένοι να στρέφουν τους εκμεταλλευόμενους του ενός έθνους απέναντι στου άλλου προκειμένου να «ελευθερώσουν» ή να «υπερασπιστούν» την πατρίδα. Δεύτερον, οι μορφές οργάνωσής τους θεσμίζονται σαν γραφειοκρατικοί πυρήνες, απόλυτα ιεραρχικοί, που θα αποτελέσουν τα κύτταρα των θεσμών της καινούργιας εξουσίας. Σε τελική ανάλυση οι εθνικοαπελευθερωτικοί αγώνες στοχεύουν στην κατάληψη της εξουσίας και στην υπεράσπιση της ανάπτυξης μίας «εθνικής» άρχουσας τάξης, ενός εθνικού κεφαλαίου, ενάντια στο ξένο κεφάλαιο. Τέλος, πρέπει να λάβουμε υπόψη μας ότι όπου κατάφεραν να απελευθερώσουν εθνικά το κράτος τους, όλα τα εθνικοαπελευθερωτικά μέτωπα, διατήρησαν τις παλιές τάξεις πραγμάτων, τις σχέσεις εκμετάλλευσης και κυριαρχίας.

    A general answer

    Τhe similarities and differences between populations of the nation-states can not be considered as something “given” or “static” but as something constructed, emphasized or mitigated in relation to the political circumstances. This is a basic argument that has been introduced in this book. Therefore, religion is a characteristic which there is no point in analyzing autonomously. Religions consist of an important element of every national state through their “formalization” by the church institution and their introduction in the core of every national identity. This is the reason why every nation-state needs to create its own national church. In this book, the church has been approached as an ideological mechanism of the state. Its role in history is being presented in this way. 

    Other than that, I would like to make one more general remark that relates also to criticism which has been made in other comments, hosted in the website. A basic need for the creation of this book is the need to be taught by our historical experience. And in order to do this it is important to express an opinion towards national-liberating struggles and any kind of irredentism. Firstly, national-liberating struggles function in contrast to a social liberating perspective because they are forced to turn the exploiters of one nation against the other in order to liberate or defend their homeland. Second, their forms of organization are institutionalized thus forming bureaucrat hierarchical cells, which will comprise the cell of the institution of the new authority that will be created. Thus, national-liberating struggles aim to take over power and to defend the development of a “national” upper class, a national capital, from the foreign capital. Finally, we must take under consideration that wherever national-liberating fronts managed to liberate nationally their state, they preserved the previous social order, thus the relationships of dominance and exploitation.

Leave a Reply

Your email address will not be published.